Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска имаше средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
Се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија.
Освен тоа, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува на следната средба на 17 мај, со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Се разговарааше и за формирање на работна група за подготовка на нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни. Тој треба да понуди нови решенија за унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.