Новиот круг од преговорите меѓу венецуеалската влада и опозицијата за надминување на кризата во земјата заврши на Барбадост без постигнување договор, но Норвешка којашто посредува во разговорите во четвртокот објави дека тие ќе бидат продолжени и оти е формирана заедничка комисија која ќе работи на барањето решение.
Министерот за информации на Венецуела, Хорхе Родригез, уште доцна ноќта во средата на Twitter напиша дека се затворени „мировните разговори“. Ги опиша како „успешна размена која ја поттикна норвешката влада“, но не коментираше постигнување договор.
Имаше шпекулации дека на разговорите на Барбадос венецуелската опозиција сака да се избори за одржување нови претедателски избори иако тие беа спроведени минатата година, извести дневниот весник El Nacional во четвртокот. Меѓутоа, Диосдадо Кабељо, претседателот на Уставотворното собрание кое го води владејачката партија, ја отфрли можноста за одржување на нови претседателски избори.
„Тука нема претседателски избори, тука единствен претседател е Николас Мадуро, кој победи на 20-ти мај 2018 година“, го цитираше весникот Кабељо.
Николас Мадуро го освои вториот мандат на изборите кои ги оспоруваше опозицијата. Опозицискиот челник Хуан Гаудо, кој е претседател на парламентот во кој мнозинство има десната опозиција, во јануари годинава со поддршка на САД се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела, кого го признаваат педесетина земји американски сојузници.
Претставниците на владата и опозицијата го одржаа првиот круг од преговорите во Осло во мај. Тогаш опозицијата покажуваше слаб интерес за преговорите со власта и истакнуваше дека единственото решение е Мадуро да отстапи и да се одржат нови избори. Но откако пропадна обидот за преврат со привлекување на делови од војската и полицијата на страната на опозицијата, нејзините претставници продолжија со преговорите.
Родригез не кажал дали разговорите на Барбадост ќе продолжат, но норвешкото министерство за надворешни работи објави дека „претставници на главните политички актери ќе ги продолжат преговорите кои ги започнаа во Осло“. „Истакнуваме дека е важно страните да покажат максимална претпазливост во своите коментари и изјави во однос на процесот“, се додава во соопштението.
Норвешката дипломатија, исто така, „во рамките на овој процес била формирана комисијакојашто ќе работи на постојана и оперативна основа, во рамките на можностите предвиден со (венецуелскиот) устав, со цел да се дојде до заедничко решение“,