Вторпат прекинат самитот на ЕУ без договор, продолжува во вторник

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во понеделникот напладне по вторпат од неделата вечерта го прекина самитот на челниците на земјите членки на Европската унија, поради бнеможноста да се изберат нови челници на европските институции, и го закажа новиот состанок за вторникот во 11 часот.

Ваквата одлука на новинарите во Брисел им ја соопштил портпарлот на Туск, по речиси 20-часовните преговори и целата измината ноќ мината во билатерални и мултилартерални преговори, кои завршија без успех.

„Претседателот на Европскиот совет го прекина состанокот и повторно го свика Европскиот совет за утре во 11 часот“, објави портпаролот Пребен Ааман.

Челниците на земјите членки на ЕУ се собраа на самитот уште во неделата во 18 часто, а потоа беа водени интензивни билатерални и мултилатерални консултации и пленарната седница започна дури во 21,30 часот. Меѓутоа, траеше само до 23 часот, кога повторно започнаа билатералните консултации кои траеја до 8 часот утрото кога продолжи седницата.

Прекинот на самитот значи дека сѐ уште нема договор, а последните неколку часа од Брисел беа лиферувани неколку комбинации за новите кадровски решенита. Според една од варијантите, како главен кандидат на европските социјалисти PES за претседател на Европската комисија е холандскиот социјалдемократ Франс Тимерманс, а за возврат релативниот победник на мајските избори за Европскиот парламент – Европската народна партија (EPP) би добила две позиции: претседателка на Европскиот совет, Бугарката Кристалина Георгиева и претседател на Европскиот парламент, Германецот Манфред Вебер, либералите би го добиле Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика, белгискиот премиер Шарл Мишел, а данската либералка Маргрет Вестагер би била прва потпретседателка на ЕК. Засега во извештаите изостанува предлогот за челник на Европската централна банка (ECB).

Европски дипломатски извори од Брисел посочуваат дека челникот на Европскиот совет се решил да го прекине уште еднаш самитот, бидејќи дискусиите за коордринирњето за пакетот за највисоките европски функции влегол во ќорсокак.

„Нема да има ниту резултати, ниту конференција за медиумите. Пакетот не е договорен, нема решенија, односно нема што да објавиме. Процесот ќе продолжи утре“, појаснил дипломатот кој сакал да остане анонимен.

Според изворите од Брисел, најсериозниот проблем на самитот е негативната позиција на земјите од Вишеградската група, односно Полска, Унгарија, Словачка и Чешка, кога станува збор за кандидатурата на Јан Тимерманс на челната позиција во Европската комисија. Холанѓанецот, кој сега е прв потпретседател на ЕК, ја водеше истрагата на Европската комисија за наводното прекршувања на европските правила во Полска, како дел од реформата на Уставниот суд од страна на конзервативната владејачка партија Првда и справедливост (PiS). И унгарската конзервативна десна влада на партијата Фидеш, покрај за претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер пролетва водеше кампања и против Франк Тимерманс, поради проимиргантските бирокртски планови кои се договараат во Брисел, со кои не се согласуваа земјите од Вишеградската група, и во што предничеше Унгарија.

Вонредниот самит кој започна во неделата е третиот обид во последните два месеца да се постигне компромис за пакетот номинации за клучните функции во евроструктурите, откако на редовниот самит одржан на 20-ти и 21-ви јуни европските челнции не успеаја да постигна договор за именувањата во новиот институционален циклус. Лидерите на ЕУ треба да се договорат за „пакетот“ за именувањата на челниците на Европската комисја, Европскиот совет, Европскиот парламент, претседателот на Европската централна банка (ECB) и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Ова мора да се направи пред почетокот на пленарната седница на новиот состав на Европскиот парламент закажана за 2-ри јули. За предложениот на самитот кандидат за претседател на Европскиот парламент пратениците треба да гласаат веќе на 3-ти јули на првата сесија во Стразбур, и тој веднаш да стапи на должноста. Челниците на другите институции на ЕУ треба да бидат заменети на 31-ви октомври, датум на кон Велика Британија треба да ја напушти ЕУ. Последниот пат кога во 2014 година се избираа новите челници на европските инстиции беа потребни три месеца и три самита.