Благодарени на реформите катастрарот во Македонија е поефикасен, а се овозможува побрзо и поевтино решавање на предметите, рече денеска директорот на Агенција за катастар на недвижност, Славчо Трпевски, во гостување на вестите на телевизија „Канал 5“
„Благодарејќи на повеќегодишните реформи, воведувањето на електронскиот катастар на целата територија на Република Македонија, воведувањето на електронскиот шалтер, односно поврзувањето со 354 професионални корисници, сите геодетски фирми, сите нотарски канцеларии, сите општини овозможи да граѓаните својот имотен лист да можат да го извадат до најблиската општина, најблискиот нотар, до најблиската геодетска фирма, нешто што во минатото го немаше, а сега го има, овозможуваат ефикасност на катастарот, брзина во решавањето и со помали трошоци да се решаваат предметите на граѓаните“, изјави Трпески.
Имотниот лист, како што нагласи тој, се вади веднаш на самиот шалтер, а сетоа тоа е возможно благодарение на електронскиот катастар.
„Во во Агенцијата за катастар и недвижности се запишаа преку четири милиони и 200 парцели“, рече Трпески.
Тој упати апел до граѓаните на руралните средини кои доцнат со пријавите, да се пријават на огласите што се во тек и да ја искористат оваа шанса која ја нуди Агенцијата за катастар и недвижности.