Премиера на „Диско анимиран фанк“ во Битола

Физичкиот перформанс „Диско анимиран фанк“ кој е дело на бугарските уметници Огњан Голев и Ивајло Димитров, утре (18 декември, среда) во 20 часот ќе ја има својата ексклузивна премиера во независен „Интимен театар“ во Битола. Се работи за соработка помеѓу „Интимен театар“ и Здружението за современа и алтернативна уметност и култура „По вистински случај“ од Бугарија. Перформансот ќе може да се погледне и на 19 декември (четврток) во 18 часот, а Огњан и Ивајло дури по оваа изведба ќе заминат во Софија за првпат да го прикажат своето дело и во својата татковина, Бугарија.

Перформансот „Диско анимиран фанк“ ги следи процесите на блискост меѓу двајца мажи и потребното време да се реализира соработка. Се користат сретствата на современиот танц и музика како и импровизации … Се разгледува како се достигнува квалитетен взаемен однос кој ги надминува конфликтот, контролата и споредувањето. На кој начин генерираната креативна врска преминува во споделување и творештво.