![oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376.jpg?resize=640%2C376&ssl=1)
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 86-та седница, на чиј дневен ред се 25 точки, меѓу кои и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратеници од опозицијата.
Народните избраници ќе дебатираат и по Предлог одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, како и по повеќе закони од финансиската сфера.