По студеното утро со услови за слаба магла по одделни котлини, преку денот ќе преовладува сончево и суво време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус 5 до 2 степени, а максималните од 3 до 11 Целзиусови.степени.