
Долниот дом на американскиот парламент, Претставничкиот дом на Конгресот, изгласа во вторникот резолуција со коајшто се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го започне процесот, кој се заснова на 25-от амандман од Уставот, за отстранување од должноста на претседателот Доналд Трамп поради негова неспособност да ја извршува функцијата.
Потпирањето на 25-от амандман подразбира дека Пенс и мнозинството министри во администрацијата на Трамп ќе мора да го прогласат претстедателот неспособен за извршување на должноста. Тоа и не е лесен и наивен процес бидејќи мора да се аргументира, но демократите инсистираат на едноствно прогласување.
Потпретседателот Пенс претходно во писмо до претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, наведе дека не ја прифаќа ваквата иницијатива и дека нема да го стори тоа.
Пенс во писмото го одбива ова наведувајќи дека „не верува дека тоа е во најдобриот интерес на нашата нација и дека е во согласност со нашиот Устав“, и ги повика Пелоси и Претставничкиот дом заедно да се насочат на уреден трансфер на власта и на инаугурациајта на новиот претседател, Џо Бајден.
Се очекува дека Претставничкиот дом во среда ќе гласа и за отповикување на претседателот Трамп од должноста, под обвинение дека иницирал бунт против американската власт.
Деократите минуваат на гласањето за отповикување откако претходно во вторникот со неуверливи 223 гласа „за“ и 205 гласови „против“, формално ја изгласаа резолуцијата со којашто се повикува Пенс да се повика на 25-от амандман и да го започен процесот за сменување на Трамп од претседателската должност.
Со досега четворица републиканци кои отворено најавија дека ќе го поддржат отповикувањето на претседателот Трамп поради наводно поттикнување на насилното прекинување на работата на Конгресот, демократите се упорни за историското гласање за второ судење на републиканскиот претедател во Сенатот на помалку од седмица од неговото заминување од должноста.
Изгласаната резолуција треба да покрене судење (импичмент) во Сенатот, кој сѐ уште е под контрола на републиканското мнозинство, иако сѐ уште не е јасно дали воопшто има доволно време или политички амбиции за остранување на Трамп.
Покрај тоа, нејасно е и исто така, дали и по 20-ти јануари, кога демократите ќе имаат глас повеќе во Сенатот, ќе можат да обезбедат двотретинско мнозинство за да го осудат Трамп во продолжен процес на импичмент. Цел на тоа би било тој да биде осуден за поттикнување на бунт, со што би му било оневозможено да се кандидира на следните претседателски избори во 2024 година.