Преведувачи ќе помагаат во идентификација на мигрантите

При доаѓањето и транзитирањето низ Западен Балкан преведувачи ќе помагаат во идентификација на мигрантите.

Во рамки на проектот „Унапредување на процедурите за утврдување на идентитетот на мигрантите“ што го споведува Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) со поддршка на Британската амбасада, најавено е воспоставување регионална база на податоци за преведувачи кои ги зборуваат ретките јазици кои ги користат мигрантите.

Со оглед на тоа дека нелегалната миграција бара регионален пристап многу ми е мило што можеме преку МАРРИ да дадеме поддршка на овој проект кој ќе овозможи  создавање заедничка дата база за земјите од регионот за преведувачи  и толкувачи кои ги зборуваат ретките јазици кои често ги користат мигрантите кои доаѓаат. Ова ќе помогне и во зајакнување на капацитетите на националните институции при соочување со овој проблем, изјави британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет на денешната работилница за проектот, пренесе МИА.

Преведувачи ќе помагаат во идентификација на мигрантите
Преведувачи ќе помагаат во идентификација на мигрантите, фото: МИА

Според неговата оцена, илегалната миграција, моментално претставува едно од најклучните прашања  и приоритети со кои што се соочува целиот континент Европа.

Ова е меѓународен проблем кој има многу предизвици кои не заобиколуваат ниту една земја  во Европа вклучително и Западен Балкан  и Македонија,  рече  амбасадорот Гарет.

Според него, соочувањето со миграцијата низ целиот регион на начин кој ќе може да биде ефикасен, ефективен и со задржување на хуманитарните насоки бара, пред се, соодветна комуникација со луѓето кои патуваат од најразлични краеви.

Преведувачи ќе помагаат во идентификација на мигрантите

Како што појасни британскиот амбасадор во насока на соодветна комуникација со луѓето и овој проект овозможува создавање дата база која генерално ќе ја подобри комуникацијата  и која  ќе може да даде поддршка на процесот на идентификација на мигрантите. Преведувачите ќе помагаат во идентификација на мигрантите.

Иако е мал дел од мозаикот, сепак, мислам дека ќе придонесе кон големата слика на подобрување. Никој од нас поединечно не може да се справи со ова прашање, но колективно можеме да направиме многу, рече  Гарет.

Одговарајќи на новинарско прашање дали проектот е доволен за надминување на проблемот амбасадорот истакна дека тоа е мал дел од целото прашање, но оти, сепак, ќе помогне во неопходниот регионален пристап.

Проектот „Унапредување на процедурите за утврдување на идентитетот на мигрантите“ ќе се спроведува до средината на идната година. Со него, според Тамара Мугоша, директорка на МАРРИ,  ќе им се овозможи на националните надлежни тела учесници во МАРРИ да користат толкувачи за ретки јазици и да споделуваат важни информации.

Идентификацијата на мигрантите е подеднакво важна во сите извештаи за ова прашање. Забрзувањето на процедурите за идентификација на мигрантите ќе ги забрза и постапките за носење одлуки кога се работи за баратели на азил. Оваа база на податоци ќе придонесе и за зајакнување на капацитетите на мрежата за соработка и прием на нелегални мигранти, рече на отворањето на работилницата Мугоша.

Издадени вкупно 2.093 потврди на мигранти

Како што соопшти МВР, во периодот од 8 часот вчера до осум часот утровосе издадени вкупно 2.093  потврди на странски државјани.

Од вкупниот број 1.325 се од машки пол, 259 се од женски, 341 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 168 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Најголем број се лица од Сирија-1.830, Авганистан – 102, Ирак-88, додека другите се во помал број.

Профункционира новиот прифатен пункт за мигрантите во Гевгелија
Профункционира новиот прифатен пункт за мигрантите во Гевгелија

Во периодот од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 57.151 странски државјани, од кои 39.194 се од машки пол, 7.798 се од женски, 8.967 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.192 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-46.453, потоа Авганистан-3.156, Ирак-2.622, Пакистан-1.673, Палестина-711,Сомалија-564, Бангладеж-381, Конго-323, Нигерија-196, Камерун-159 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број, соопштува МВР.

Во текот на изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 11 баратели на азил, од кои 7 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), една жена и три малолетни лица.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четворица баратели на азил – еден маж, една жена и две деца од кои едно дете е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.