Примерок од бел тартуф продаден за 85.000 евра

Примерок од бел тартуф тежок 880 грама е продаден за 85.000 евра, или речиси за 100 евра по грам во неделата на 19-та светска аукциска продажба во Алба, место близу Торино.

Наддавањето се одвиваше во текот на врска со Хонгконг, каде што се наоѓал анонимниот купувач на овој бел тартуф, јавува агенцијата AFP.

„Цената на овој извонреден тартуф не одговара на пазарната вредност, којашто оваа година се движи околу 350 евра за 100 грама“, појаснила за агенцијата портпаролката на оваа традиционална светска аукциска продажба на бараниот корен.

Ваквата висока понуда ја објаснува со фактот дека добивката од продажбата оди во добротворни цели, како и реткоста на овој тартуф од 850 грама, на коишто колку што се поголеми им расте и вредноста.

Секоја година последните 88 години, во Алба, во регионот Пиемонт, два месеца трае саемот на белиот тартуф во текот на кој се одвиваат аукциски продажби. Б

Белиот тартуф од Алба, кој се собира од 21-ви септември до 31-ви јануари, има извонредно висока цена. Го карактеризира интензивен мирис, објаснува Антониот Дегиакоми, претседателот на Националниот центар за проучување на тартуфот.

По лошата мината 2017 година, годинешната берба е извонредна, и според квалитетот и според количеството. Сезонава е многу благопријатна бидејќи имаше врнежи во јули и август, што обезбедило доволно влага, па тартуфот, кој е вид подземна печурка, имал оптимални услови, појаснува експертот.