Принцот Филип префрлен во друга лондонска болница

Британскиот принц Филип, 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, префрлен е во друга болница во центарот на Лондон во понеделникот, каде што ќе буде подложен на испитувања поради поретходно срцеви проблеми и каде ќе го продолжи лекувањето од инфекцијата.

Принцот Филип, кој ја има официјалната титула војвода од Единбург, е примен во прватната лондонска болница „Крал Едвард Седми“ пред две седмици поради неспецифирана инфекција која не е поврзана со Covid-19.

Во понеделникот Бакингемската палата објави дека е преместен за понатамошно лекување и набљудување во болницата „Свети Вартоломеј“, реномиран центар во областа на кардиологијата.

„Војводата од Единбург одговра на лекувањето, но се очекува дека ќе остане во болницата најмалку до крајот на седмицата“, наведува Бекингемската палата во соопштение.

Бројните фотографи и телевизиските екипи пред болницата „Крал Едвард“ претходно виделе како пациентот е ставен во возило на итната помош, сокриен од објективите на медиумите со помош на заштита која ја носеле болнички персонал и полицајци, па така и нема потврда дека тоа било навстина принцот.

Кралицата Елизабета Втора во моментов се наоѓа во дворецот Виндзор, каде што двојката во текот на карантинот поради коронавирусот, а мината седмица продолжи со воите официјални должности. Двајцата ја примија првата доза против Covid-19, а инфекцијата на војводата не е поврзана со вирусот или со реакцијата на препаратот.