Приведен малолетен арамија од Велес кој продал краден лап топ

Велешката полиција приведе малолетен арамија кој продавал лап топ кој предходно го украл.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 17-годишен арамија од велешкото село Чашка заработи кривична пријава бидејќи за 500 денари продал украден лап топ.

Малолетниот арамија на 17 јануари  со подесен алат ја отворил влезната врата од основното општинско училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, ја скршил вратата од канцеларијата на наставниците и од внатре одзел лап топ компјутер. По неколку дена, лап-топот го продал на лице од Велес за сума од 500 денари.

Со потврда за вратени предмети, лап топот е вратен на оштетените.