![apsenje-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/apsenje-1.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Ноќта кон саботата е приведен 26-годишен жител на Македонска каменица, кој при сообраќајна контрола почнал да ги омаловажува и агресивно да се однесува кон униформираните полициски службеници.
Според министерството за внатрешни работи, инцидентот се случул утринава малку пред еден часот по0 полноч на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, кога сообраќајните полицајци констатирале сообраќајни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата извршени од страна на момчето.
По неговото агресивно однесува кон полициските службеници, лицето било приведено во Полициското одделение Македонска Каменица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против него/