СВР Охрид поднесе кривични пријави против Г.С.(35) од село Долно Лакочереј, охридското и В.Т.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „прикривање“. Пријавениот Г.С. кон крајот на март оваа година, со употреба на физичка сила насилно отворил прозорецот од приземје на куќа во Охрид и по извршеното пребарување, одзел два лап-топ компјутери, околу 10.000 денари, 200 евра и разновиден накит.
Еден од одземените лап-топ компјутери, подоцна бил даден на залог кај пријавениот В.Т. а потоа продаден за 2.000 денари. Кон средината на април, Г.С. со употреба на физичка сила насилно отворил влезна врата од куќа во селото Долно Лакочереј од каде одзел 9.000 денари. Со извршените тешки кражби, Г.С. и В.Т. се стекнале со противправна имотна корист од 59.000 денари. Пријавените се лица познати на службата против кои за вакви и други казнени дела и досега им биле поднесувани повеќе кривични пријави.