Пробиотик за здрав стомак и силен имунитетот

Пробиотикот се наметна како неопходна поддршка за здрав стомак, но и за одржување на имунитетот, откако секојдневно сме се почесто под притисок од случувања врз кои немаме влијание. Редовна физичка активност, доволно течности и здрава и разновидна исхрана, се првите препораки за здрав систем на варење и имунитет, но понекогаш тоа не е доволно. Посегнуваме по пробиотикот прво преку млечните производи, а потоа кога е потребно и како суплемент, затоа што независно дали сте дома или патувате со автомобил, автобус или авион, вознемирениот стомак е непријатен аларм дека гастроинтестиналниот систем бара внимание и нега. Особено во текот на летото кога појавата на дијареја или гадење ги тревожи и децата и родителите. Впрочем, најмладите се особено чувствителни на промената на просторот и храната како за време на годишните одмори, така и со почетокот на школската година. А, вознемирениот стомак е знак дека забавните мигови може порано да завршат.

Првата помош по која посегнуваме кога ќе се појават проблемите со варењето, може да биде и одлична превентива за секој чувствителен стомак. Затоа и педијатрите во некои случаи препорачуваат со пробиотик да се почне пред да се појави стресот, барем во случаи кога може да се планира. Како на пример патувањето каде може да се сретнете и со егзотична храна. Препораката е веднаш да се стартува со пробиотик и кога се користи антибиотик.

Но што е пробиотикот, во која храна е присутен и како да се избере од богатата понуда во аптеките?

Според Светската здравствена организација (СЗО)  пробиотиците се дефинирани како: живи организми кои кога се внесени во соодветни количини даваат бенефити за организмот.

Пробиотикот е најчесто комбинација од живи бактерии како Saccharomyces boulardii, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium lactis и други различни соеви. Тоа се таканаречени добри бактерии кои живеат во цревата и помагаат за правилно варење на храната, но и нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Пробиотиците ги има во млечните производи – кефир, јогурт или кисело млеко, но храната најчесто не е доволно и на системот за варење му е потребна дополнителна поддршка со добри бактерии.

Во регионалниот фармацевтски гигант Галеника препорачуваат во овие случаи да водите според потребите на телото, како и возраста. Линијата пробиотици на Галеника вклучува повеќе производи наменети за возрасните и децата, и тоа Flonivin Plus, Flonivin Boulardii, Flonivin Forte, Flonivin Baby I Flonivin Kids Immuno, развиени соогласно барањата или потребите на луѓето.

Може пробиотикот да се комбинира и со други состојки кои придонесуваат телото подобро да го искористи потенцијалот на добрите бактерии, но кои истото така помагаат и за подобар одговор на имунолошкиот систем. Меѓу овие состојки ги среќаваме инулинот (пребиотик кој го поттикнува развојот на добрите бактерии), потоа цинкот, како и витамин Ц.

Во други случаи покрај овие состојки може да има и комбинација на два типа на добри бактерии Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum, како и цинк, кои заеднички придонесуваат за надминување на симптомите карактеристични за синдромот на иритабилно црево. Односно, пробиотикот ги надвладува лошите бактерии и помага да се одржи здравата цревна микрофлора.

Фармацевтскиот производител Галеника, кој во последниве години ја зацврстува својата улога и позиција во регионов, е препознатлив бренд на македонскиот пазар. Довербата меѓу потрошувачите се потпира на препознатливата посветеност и квалитетот што фармацевтскиот гигант го преточува во своите производи веќе 77 години. Од 2017 година Галеника е дел од NC Групацијата, која ја вклучува EMS, најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Промената внесе и нови инвестиции и начин на менаџирање кои ја трансформираа Галеника во регионален лидер кој одговора на современите барања на потрошувачиите со иновативни процеси.