Ранчот „Неверленд“ на Мајкл Џексон конечно е продаден, повеќе од десет години по смртта на американска поп-икона кој своевремено го напушти откако беше обвинет дека на имотот сексуално напаствувал момченце.
Инвеститорот, милијардерот Роналд Вејн Баркл, паранешен семеет пријател на Мајкл Џексон, неодмна го купил имото од 1.100 хектари, објавил негоиот портпарол во четвртокот по американско време, преенсува агенцијата Reuters.
Весникот The Wall Street Journal обајви дека „Неверленд“, неодамна преименуван во „ Sycamore Valley Ranch“, продаден за 22 милиони долари. Пред само пет години за имотот се бараа 100 милиони, а во 2017 година 67 милиони долари.
Џексон, кој според официјалното соопштение, во 2009 година се предозирал со анестетикот „пропофолом“ во 50-та година од животот, го купил имотот во Лос Оливос во 1988 година за 19,5 милиони долари. Го нарече по фиктовната земја „Недојдија“ од детскиот бестселер „Петар Пан“ за момченцето кое одбива да порасне.
„Неверленд“ имаше зоолошка градина, железница и лунапарк. Џексон таму ги забавуваше децата, а едно од момченцата во 2005 година го обвини за сексуално злоставување, но пејачот беше ослободен од обвинувањата. Потоа Џексон вети дека никогаш нема да се врати на тој имот.