
Продуктивноста во економијата продолжува да опаѓа. Имено, просечната продуктивноста во економијата во третиот квартал од 2019 година забележа пад од 2% споредено со истиот период лани, додека продуктивноста на новите вработени во анализираниот период е помала за 60% во однос на просечната продуктивност, велат од Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ.
„Тоа е потврда дека економските политики на оваа Влада на СДСМ се целосно погрешни и се со единствена цел да креираат вештачки резултати со кои ќе манипулираат во јавноста. Заев игра на картата дека граѓаните се наивни и дека ќе поверуваат на неговите евтини трикови со кои сака да ги сокрие катастрофалните економски резултати, се вели во објавата на комисијата“, посочуваат од Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ.