Темелко Ристески е професор- доктор, правник и полковник во пензија, кој поднесува рапорти што сѐ сработил за коалицијата „Можеме“, објави off.net.mk.
Во неговиот допис до државниот секретар во Министерството за одбрана, тој напишал дека: пишувал објави на Фејсбук, објавувал агитациони текстови за „Можеме“, остварил телефонски разговори таму каде што треба, како и лични контакти за „потребите на партијата“, ја следел изборната кампања, како и активностите на МО и на АРМ…
„Како што гледате од документот, најмениот работник Темелко ова коалиционо партиско дело го сработил „за државата“ пред две години. Му платиле ли или уште му должиме на човекот?“, прашува off.net.mk.
Ристевски, плус на тоа, исто така е и професор по етика и член на Комисијата за помилување на претседателот на Република Северна Македонија.
„За да ви се згади не само од Темелко туку и од оваа држава, тоа го плаќа не некоја партија, туку држава, министерство, ние“, пишува порталот.