По желба можете да оставите малку сирење во грутчиња, ќе биде вкусно и додека е топло, а и кога ќе се олади.
Состојки:
3 јајца
2 мали филџани пченичен гриз
2 мали филџани брашно
1 кесичка прашок за печиво
2, 5 мали филџани млеко
2, 5 мали филџани масло
250 гр урда / или сирење
Малку сол
Подготовка:
- Изматете снег од белки и додадете ги жолчките. Продолжете да матите и додадете брашно со прашок за печиво, па млеко, потоа гриз, па масло и на крај издробено сирење.
- Смесата ставете ја во плех прекриен со хартија за печење и печете на 180 степени околу 20 минути. Потоа намалете ја температурата у печете уште 20 минути на температура од 150 степени. Оставете ја пројата на топло уште малку да „издише“.
Напомена: Не е од пресудна важност колкави се филџаните за оваа мерка, се додека користите исти мерки за мерење на суви и течни состојки. Немојте само да употребувате минијатурни филџани, а ниту големи од 2 децилитри. По желба можете да оставите малку сирење во грутчиња, ќе биде вкусно и додека е топло, а и кога ќе се олади.