
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне во делови од Скопската котлина ќе има услови за повремен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во вторник ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето.