Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура се движи од шест до 11 степени, а дневната температура од 14 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура се движи околу девет степени, а дневната максимална ќе достигне до 22 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец. Помалку услови за врнежи ќе има утре преку денот.