Променливо облачно со сончеви периоди

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура се движи во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, во делови од Скопската котлина со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен во сабота.