Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ја организира промоцијата на македонските потенцијали, информираат дека македонскиот штанд е посетен од новинари и тур оператори чиј фокус се балканските туристички тури.
Досега е остварена средба со претставници на Новинарскиот сојуз на Русија кои од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се поканети да ја посетат Македонија и да изработат промотивни материјали за медиумите во Русија.
Претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот остварија средби и со значајни руски тур оператори како Anex Тour, PAKS, PEGAS и Natalie Tours, коишто, покрај останатите балкански дестинации, пројавиле интерес за вклучување на Македонија во нивните туристички тури.
Саемот за туризам во Москва, кој трае од 14 до 16 март, има седум изложбени сали во кои туристичките дестинации ги претставуваат повеќе од 1.600 компании, странски тур оператори, асоцијации, медиуми и различни чинители во туризмот. Саемот го посетуваат над 27.659 посетители.