Пронајдени уште две жртви во уривањето на ледникот во Италија

Un frame tratto dal video fornito dal soccorso alpino mostra Il seracco di ghiaccio crollato sulla Marmolada, nei pressi di Punta Rocca, causando la morte di quattro persone, Trento, 3 Luglio 2022.

Италијанските спасувачки ги откриле во средата телата на уште две жртви од уривањето на глечерот во италијанските Доломити, во коешто, како што се стравува, животите ги загубиле 12 луѓе.

Досега се потврдени најмалку девет луѓе загинале во лавината којашто веројатно поради високите температури се случи во неделата под Мармолада, со повеќе од 3.330 метри кој е највисок врв во Доломити, во источните италијански Алпи, коишто се протегаат преку регионите Тренто и Венето.

Според Маурицио Фугати, челник на регионот Тренто, потрагата со дронови ќе продолжи бидејќи уште три лица, сите Италијанците, се водат како исчезнати.

Полициски тим специјализиран за анализа на ДНК, исто така, е ангажиран да помогне во процесот на идентификација.

Спасувачите се надеваат дека во четврток, со дронови и хеликоптери, во долниот дел од подрачјето ќе биде можно да се испратат тимови со кучиња трагачи, бидејќи се предвидува поведро време.

Делови од планината ќе останат затворени за туристите, за да можат спасувачките екипи да дејствуваат и да ги спречат искачувачите да им пристапат на потенцијално опасните области.

Локалната долина Фаса во сабота ќе одржи ден на жалоста во знак на почест на жртвите, меѓу кои се и двајца туристи од Чешка.

Голем дел од Италија е зафатен од топлотен бран, а некои научници велат дека климатските промени со растот на температурите ги направиле порано стабилните ледници многу непредвидливи.