![aazil-630x289 Фатени четворица економски мигранти кои илегално ја преминале грчко-македонската граница](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/02/aazil-630x289.jpg?resize=630%2C289&ssl=1)
Полициски службеници вчера пронашле 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија во близина на липковското село Лојане.
Како што информираат од МВР, вчера во 21.50 часот на автопатот Табановце – Куманово, кај обиколница Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди Q7“, но возачот не застанал и побегнал со возилото. Потоа, по пребарување на теренот, во близина на влез на село Лојане, биле пронајдени 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија, кои биле предадени во Транзитниот центар Табановце за натамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.