Протест на КСОМ: Како за 30 години работникот е доведен до овој степен?

Независниот синдикатна полицијата и Конфередерацијата на синдикални организации денеска протестираа на 30-годишнината од независноста на државата за да укажат на состојбата на работникот

Конфедерацијата на синдикални организации денеска заедно со Независниот синдикат на полицијата одржаа протест, кој започна како поворка од автомобили кои минаа низ центарот на Скопје и завршија пред Владата.

Од Независниот полициски синдикат велат дека протестот е резултат на незадоволството кое владее кај вработените во МВР, во Министерството за правда и Шумската полиција, од Колективниот договор потпишан во мај, со кој правата на овие вработени, како што велат тргнале по надолна линија.

„Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Праќаме порака како и од последниот протест од 8 мај кога бевме примени од советникот на премиерот, но за жал од таа средба нашите барања останаа нерешени. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови“, рече Марјан Ристески.

Доколу бидат игнорирани ќе донесат и други мерки за делување, без разлика што е предизборие, се заканија од Конфедерацијата.

Тие обвинија дека додека сонекои министри имаат добра соработка, има и такви кои ги игнорираат.