„Не“ за споената концесија за рудникот Иловица-Штука. „Штука нема да отстапи ниту педа земја за уништување.
Во Струмица на протест излегоа граѓаните во организација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ – Струмица и Еколошкото здружение „Еко долина“ – Ново Село против отворање на рудникот за бакар и злато и бараат институциите да го спречат отворањето на рудникот.
Реакцијата на здруженијата доаѓа како што објаснуваат по спојувањето на двете концесии за рудникот Иловица-Штука од страна на Владата која велатбез никаква правна основа одлучила да ги рестаритра и продоложи роковите за спојување. По протестот се огласија и од Компанијата „Еуромакс Рисорсес“ веалт со целосно разбирање за грижата на жителите во струмичката котлина и на целокупната македонска јавност, но дека не е вистина дека не се внимава на здравјето и животната средина. Од компанијата објаснуваат дека во 2020 година, Управниот и Вишиот управен суд со правосилна пресуда ја прифатија тужбата на „Еуромакс рисорсис“,за неопходноста од одлучување за спојување на двете концесии.
– Со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневнополитичка агенда. потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните.
Од компанијата велат дека се охрабрени од фактот дека во Инфо Центарот во Иловица, се јавиле повеќе од илјада граѓани кои се заинтересирана за вработување.
На собирот во Струмица присуствуваа и министерките за животна средина и труд и социјала, Каја Шукова и Јована Тренчевска. Шукова вчера најави дека ќе го поддржи протестот, бидејќи тој регион е важен за производство за здрава храна.