Околу две илјади рускојазични жители на западниот германски град Келн, според процените на полицијата, протестирале во неделата барајќи Германија да престане да ја поддржува Украина во војната со Русија и да се откаже од санкциите воведени поради тоа за Москва.
Протесниот собир, кој го организирала заедницата на рускојазичната дијаспора на германски државјани во Келн бил пречекан од неколку десетици контрадемонстранти кои се собрале пред големата готска катедрала во градот за да изразат поддршка на Украина.
Во Германија живеат околу три милиона лица со руско етничко потекло но и Германци по се доселиле од некогашните советски републики, и од почетокот на руската офанзива во Украина повремено организираат изрази за поддршка на Русија и барања да се укинат санкциите.
„Германија е во хаос. Како ќе ја преживееме оваа зима?“, изјавила за Reuters Елена Колбасникова, една од организаторите на судирот потсетувајќи на патењата на руското и рускојазичното мнозинство во југоисточна Украина изминатите осум години по превратот во Киев од 2014 година поддржан од Западот.
Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно во неделата го обвини рускиот претседател Владимир Путин за економските проблеми на Германија поради „неговата војна во Украина“. Шолц, исто така, уверуваше дека Германија ќе има доволно гас да ја преброди зимата. Од Москва возвратија дека проблемите на Европа произлегуваат од санкциите кои ги воведоа против Русија, и изразија сомневање дека западните земји на континентот зимава болно ќе го почувствуваат недостигот од руски гас од кој се откажуваат
Западните медиуми го минимизираат собирот во Келн, и известуваат дека иако во Германија „руската дијаспора е огромна“, од почетокот на војната „имаше релативно малку собири за поддршка на Путин“.
Многумина од демонстрантите во неделата носеле руски национални знамиња и транспаренти на кои со црвена линија бил прецртан натписот НАТО. Организаторите, исто така, собирале донации за жителите на сепаратистичките региони во Донбас, кои како и изминатите осум години сега се поинтензивно смртоносно гранатирани откако Западот му достави на Киев ракетни системи со долг дострел.
Извесен Иван Белоусов, кој се придружиле на малубројните кои протестирале, како што се пренесува против рускиот претседател, за Reuters рекол дека дошле „да покажат дека има многу рускојазични кои веруваат дека Путин скршнал кон фашистички режим“. Тврдел дека во Русија бил затворен „под политички мотивирани обвинувања“, и дека побегнал откако бил ослободен.