Стотици граѓани на Велика Кладуша во Босна и Херцеговина во неделата вечерта го блокираа локалниот пад кај кампот за илегални имигранти во местото, изразувајќи го своето незадоволство поради ескалацијата на мигрантската криза.
Блокадата на патот кај кампот „Мирал“ следепа по судирот на незадоволни жители со возач на еден автобус во кој имало поголем број мигранти. Жителите се обиделе да го запрат автобусот на комерцијалната линија од и кон Бихаќ, односно да го спречат да ги истовари патниците, а притоа и го оштетиле. Реагирала локалната полиција за да спречи нови судири.
Инцидентот кај кампот за илегални имигранти кај Велика Кладуша следеше ден откако се одржаа мирни протести на кои жителите предупредија дека ситауцијата во ова гратче преплавено од мигранти станала неподнослива.
Локалното население се жали на загрозената лична безбедност и сѐ позачестените кражби и потпалувања на напуштените објекти во кои мигрантите бараат привремено засолниште. Жителите, исто така, бараат кампот „Мирал“, во кој престојуваат околу 1.300 мигранти, веднаш да биде затворени и да е преместат илјадниците мигранти кои талкаат по улиците и спијат по апрковите и во напуштените објекти.
Процената на властите на Унско-санската жупанија е дека во овој дел под Босна и Херцеговина престојуваат најмалку 7.000 илегални мигранти. Половината од нив се во профатните центри во Бихаќ и во Велика Кладуша, и чекаат шанса илегално да ја минат границата кон Хрватска.