Скопје утре ќе биде домаќин на првиот грандиозен Саем за убавина, „Beauty Congress Open Balkan“, којшто е во организација на престижниот салон за убавина „Beauty Academy“.
Станува збор за конгрес за козметичари и естетичари што ќе се одржи во хотелот „Мериот“, од 10 до 18 часот.
На настанот на кој се пријавени повеќе од 20 учесници, а ќе присуствуваат и лекари, козметичари и естетичари.
Учесници на настанот се три веледрогерии, АД д-р Пановски, Ипсум, Аестетик и Дерма Бела.
Фирми кои исто така се дел од настанот се:
BEAUTY MED
FABU SPOT и ORBICO MACEDONIA
IPSUM
INKED PLANET
THALGO
DERMA BELLA
TIANDE
ELIXY LIFE
HALK BANKA
SMART SOLARIUM BALKAN
„На конгресот ќе може да се запознаете со многу професионалци и да ги најдете најдобрите ресурси за вашиот бизнис. Ќе ги добиете најновите информации за производството, презентации и услуги во светот на козметиката. Ќе уживате во различни настани и сесии каде што ќе можете да стекнете нови вештини и да го подобрите вашето постоечко знаење. Настанот е идеален и за доктори кои се со интереси за естетски третмани. Со нетрпение го очекуваме вашето присуство“.
За сите оние кои се занимаваат со убавина и за сите оние кои сакаат да го сменат своето работно место можат да дојдат и да испробаат некоја од техниките кои ќе бидат презентирани
План и програма:
10:00 часот: Отвoрање
11:00 часот: Наташа Хилер, Permanent MAKE UP, Labelino lips, Еtrebelle Macedonia –Luxurious Regeneration
11:30 часот: Air Brush – Спреј Тен само потемнување, Бјути Фит – Кубанско Мадеро
12:00 часот: Be power, Lipo Trap – третман на тело
12:30 часот: Ирина Филиманова -Букална масажа, Intelegent SPA eye
13:00 часот:DS.V LINE Колагенски конци
14:00 часот:Etrebelle –третмани, БјутиМус Express manicure gel, БјутиАкадеми –Brow Lift
15:00 часот: Бјути Академи –Мадеро Класик, Мадеро Лице, Мадеро Детокс АД пановски- аплицирање на мезотераписки раствор, Be power –Norel
15:30 часот: Aестетик – Plasma Pen, БјутиМјус – Brow lift
16:00 часот: БјутиАкадеми- Трепки,Air Brush – Спреј тен за самопотемнување, БјутиФит – Колагенски Конци, SQT Macedonia –Anti – Aging Rejuvenation
17:00: Лотарија
Новинската агенција „Нетпрес“ е медиумски поддржувач на Конгресот.
Халк Банка – најдобриот избор за банка-партнер за новоотворени мали и средни бизниси!
Добредојдовте на настанот наречен Beauty Congress Open Balkan!