Организаторите на Олимписките игри во Токио објавија во четвртокот дека е регистриран првиот случај на зараза со коронавирусот на минувањето на олимпискиот оган низ Јапонија.
Организаторите наведуваат дека маж на триесеттина години, кој учествувал во пренесувањето на факелот со огнот на западниот јапонски остров Шикоку, бил позитивен на коронавирусот, но не го откриваат неговиот идентитет, ниту неговата улога во церемонијата.
Станува збор за првиот случај поврзан со штафетното пренесување на факелот со пламен кое не смее да се одвива по некои јавни патишта во одредени зони поради стравувањето од ширење на коронавирусот. Организаторите соработуваат со медицинските тела за да се „преземат сите потребни мерки за безбедно минување на огнот“.
Крадот Кјото последен се спротистави на минувањето на олимпискиот пламен низ неговата област, а локалните медиуми пишуваат дека градските власти барале факелот да не оди по јавните патишта. Дневниот весник Asahi објави дека Кјото би можел да предложи инувањето на факелот да се организира во дворецот Ниџо, које под заштита на УНЕСКО.
Минатата седица факелот мина низ затворениот парк во Осака, без присуство на јавноста. Префектурата Окинава, во јужниот дел на Јапонија, и градот Матцујама на западот од земјата, го откажаа минувањето на олимпискиот оган поради сѐ поголемиот број заразени со коронавирусот.
Факелот со олимпискиот оган на патот низ Јапонија тргна на 25-ти март од Фукушима и низ 47 јапонски окрузи ќе го понесат околу 10.000 тркачи пред да стаса во Токио каде што на 23-ти јули ќе се одржи свеченото отворање на Олимписките игри.