Првата мачка заразена со новиот тип коронавирус е открина во Шпанија, пренесува весникот El Pais цитирајќи го соопштението на Центарот за истражување на здравјето на животните (Cresa).
Четиригодишниот мачор по име Негрито живеел во едно каталонско семејство, од кое повеќемина заболеле од Covid-19. Неговите сопственци го однеле во локалната ветеринарна клиника откако кај животното се јавиле проблеми со дишењето и срцето. Покрај тоа, мачорот имал и зголемена температура. По прегледот ветеринарот одлучил да го успие животинчето и неговото тело да го испрати на истражување во центарот на Cresa во Барселона.
Според весникот, експертите го спровеле испитувањете и нашле траги од коронавирусот SARS-Cov-2 во носната шуплна и лимфната жлезда, блузи цревата. Според анализата на Cresa, кај мачката имало вроден срцев недостаток кој можел да предизвика ненадејна смрт. Притоа се истакнува дека ниедна од лезиите откриени кај животното не е компатибилна со инфекцијата поврзана со вирусот. Според ветеринарите, вирусот не бил поврзан со здравствената состојба на мачката, се наведува во написот.
„Ова само појаснува дека мачките… може да бидат индиректни жртви на пандемијата, но веројатноста дека тие може да заразат луѓе е многу мала“, вели директорката на центарот, Наталија Махо.
Според извештаите во медиумите, ова е шести случај во светот кога кај мачка е потврден коронавирусот, иако научниците сметаат дека овие животни не може лесно да се заразат дури и кога се инфицирани нивните сопственици. Претходно во саботата Институтот за ветерина во Париз (ENVA) соопшти дека е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот кај мачка во Франција. И во овој случај се претпоставува дека животното се инфицирало од сопственикот, и исто така имало тешкотии во работата на респираторниот и дигестивниот тракт.