Судот во американската сојузна држава Вирџинија првпат во историјата донесе одлука со којашто се дозволува сечење на остатоците од потонатиот пред 108 години британски пароброд „Титаник“, за да се овозможи извлекување на стариот телеграf на компанијата „Marconi“, објави во вторникот весникот The Washington Post, за судскиот процес кој започна на 20-ти февруари.
Безжичниот телеграфски уред на „Marconi“ се користел за комуникација со бродовите кои пловеле во близина и за испраќање сигнал во случај на несреќа. Во одлуката на судот се наведува дека таа отвора „единствена можност да се дојде до артефактот, кој ќе стане дел од наследството оставено по неповратното губење на бродот“.
Сепак, на комапнијата „RMS Titanic Inc.“, која ги има ексклузивните права да ги подигнува од морското дно предметите останати по бродоломот, „допрва ѝ претстои да добие судско одобрување за планот за финансирање, што е покомплицирано во услови на ширење на коронавирусот“, пишува весникот.
Се очекува експедицијата со примена на подводни роботи да започне ова лето. „Доколку се успее да се дојде до телеграфот, постои веројатност тој да биде реставриран. Гласот на ‘Титаник’ ќе може повторно да се слушне“, исткануваат од компанијата.
Компанијата „RMS Titanic Inc“ во 1994 година е признаена како субјект кој ги откри остатоците од потонатиот „Титаник“, и поседува ексклузивно право за подигање предмети од местото на бродоломот. Но на плановите на компанијата се спротеставува Националната управа за океански и атмосферски истражувања (NOAA), меторолошката агенција на американската влада, во чија надлежност се заштитата на потонатите бродови. Според претставниците на оваа американска агенција, потонатиот „Титаник“ треба да се третира како гробница, а не како музејски експонат.
Во минатото компанијата „ RMS Titanic“ повеќепати алармираше на влошената состојба со остатоците од бродот. Неговите делови се наоѓаат на длабочина од речиси 4 километри во меѓународни води на оддалеченост од 350 наутилки милји, или 650 километри, од брегот на канадски Њуфаундленд.
„Во следните неколку години се очекува да пропадне таванот, што може да ги поклопи под себе остатоците на најпознатата радиостаница во светот“, предупреди уште во јануари британскиот весник The Daily Telegraph повикувајќи се на процени на компанијата.
Хаваријата на „Титаник“
Британскиот параброд „Титанк“, кој се смета за најголемиот патнички брод на светот, на 14-ти април 1912 година се судрил со санта мраз на неговото прво патување од англиското пристаниште Саитемптон кон Њујорк. Гордоста на британското морепловство тонело два часа и 40 минути. Остатоците на „Титаник“ беа откриени во септември 1985 година, на околу 350 наутички милија од брегот на канадскиот остров Њуфаунланд на длабочина од околу четири километри.
Првата пловидбата на „Титаник“ од англиското пристаниште Саутемптон до Њујорк која започнала на 10-ти апрли 1912 година, била воедно и последната. На патот, бродот запрел во француски Шербур и ирското пристаниште Ков, предградие на Корк, кое во времето кога Ирска сѐ уште била дел од Британската империја, бил нарекуван Квинстаун.
На 15-ти април „Титаник“ потонал, наидувајќи во водите на Атлантикот на ткн „црна“ односно превертена санта мраз со темно-сина боја која не давала никаков отсјај. Тоа се смета за главната причин за доцното откривање на опасноста од страна на екипажот. На бродот имало 2.224 патници, од кои во несреќата животите ги загубиле 1.513 луѓе.
Остатоците од „Титаник“, кои се регистрирани на длабочена од над 3.700 метри, во сверниот дел на Атлантскиот Океан, првпат се откриени во 1985 година, од кога започнуваат бројните подводни експедиции за истражување на бродот. Подигнатите предмети од остатоците на парабродот, вклучително и личните предмети на патниците и членовите на екипажот, редовно се понудуваат на аукции и постигнуваат рекордни износи. На пример, во 2017 година, писмо на еден од патнциите на наддавње во Велика Британија достигна цена од рекордни 166.000 долари.