Неколку згради се оштетени во земјотресите што утрово го потресоа Крит. Првиот земјотрес, со јачина од 5,8 степени, бил регистриран во 9,17 часот по локално време, а потоа следувале два послаби земјотреси со јачина од 3,8 и 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресите се случиле со разлика од околу десет минути, а според локалните медиуми, поголема материјална штета е предизвикана на зградите. Според првите информации, три лица биле заробени во разурнати куќи. Спасувачките тимови се обидуваат да повлечат две лица во Аркалаохори и едно лице во Пацидерос.
Според првите информации, некои згради и куќи се сериозно оштетени, а материјална штета е забележана и на црквите.
На социјалните мрежи кружат фотографии од Аркалохори, на кои се гледаат цигли и урнатини по улиците.
Луѓето во паника ги напуштиле своите домови и на многумина не им е дозволено да се вратат внатре.