
Отстранетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон негираше во вторникот во Брисел дека во Белгија допатувал за да бара политики ази, туку дека сака во седиштетот на Европската унија да го објасни каталонското прашање откако оваа североистоната шпанска покраина прогласи независност којашто ја поништи владата на Шпанија.
„Не сум тука за да барам политики азил во Белгија“, изјави Пучдемон на конференција за новинарите во Брисел, додавајќи дека во главниот град на Белгија и Европската унија дошол за да го „објасни каталонското прашање“.
Истакна дека не се обидел да избега од правосудството, дека обвинувњата од шпанските власти се неосновани.
Цетралната влада во Мадри го смени каталонското водство откако прогласи независност на Каталонија. Сите овластувања на каталонските автономни власти привемено ги презема шпанската влада до изборите за покраинскиот парламент на 21-ви декември.
Пучдемонт рече дека го „прифаќа демократскито предизвик“ на изборите на 21-ви декември и оти ќе ги признае резултатите од тие избори,
Шпанското обвинителство го обвинува Пучдемон и другите каталонски челници за организирање и поттикнување бунт, како и за проневера на јавни средства, за што им се заканува затворска казна и до 30 години.
Прогласувањето на независноста на Каталонија не наиде ниту на симпатии во Европската унија, којашто настојува да го сочува единството додека преговара за излегувањето од членството на Велика Британија.
Доаѓањето на Пучдемон во Брисел би можело да ја разбранува чувствителната рамнотежа во рамките на кревката четиричлена коалиција во Белгија. Имено, фламанските националисти од партијата Нов фламански сојуз (N-VA) не ги кријат симпатиите кон каталонските настојувања да се отцепат од Шпанија, што го доведува во проблеми премиерот Шарл Мишел, франкофон либерал, чијашто партија е единствена од франкофонскиот дел на земјата коајшто учествува во федералната влада.
Во последните три години, откако N-VA учествува во владата ги ублажи своите ставови за поголема самостојноста на Фландрија во замена за спроведување на либералните реформи. Меѓутоа, како што се наближуваат изборите во 2019 година, тие повторно би можеле да го користат адутот на одвојувањето од Белгија, и затоа поддршката на каталонските челници се чини дека во тоа е клучна. Од друга страна, пак, франкофониот дел на Белгија жестоко се противи на поделбата на земјата.