
Му го честитаме на братскиот македонски народ денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празик, се вели во честитката од претседателот на Русија, Владимир Путин, по повод 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
„Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја“, се вели во објавата на Твитер од Руската амбасада, која ја пренесува изјавата од Путин.