Путин наложи масовно вакцинирање против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на кабинетот на министрите во средата рекол дека е потребно почнувајќи веќе од следната седмица да се премине на масовна вакцинација против коронавирусот во Русија, како и да се овозможи вакцината да биде достапна за сите Руси кои сакаат да ја примат.

Русија, којашто е четврта во светот по бројот на заразените со коронавирусот, уште во август прва во светот ја одобри вакцината против Covid-19, а во декември го започна вакцинирањето на првите ризични групи од населението, во прв ред медицинските работници. Според некои податоци, досега во земјата се вакцинирани околу два милиона луѓе со вакцината „Спутник V“.

„Ве повикувам да започнето со масовното вакцинирање на целата популација следната седмица. Барам да ја подготвиме соодветната инфраструктура, слава му на Бога, за нашата вакцина не се потребни никакви невообичаени услови, како транспорт на минус 50, минус 70 степени… Кај нас сз е многи поедноставно и поефикасно. Потребно е да се построи соодветен распоред… на ист начин како како што тоа ги правиме со другите болести, на пример со групот“, рекол Путин.

Вицепремиеркта Татјана Голикова рекла дека властите ќе бидат подготвени да ја прошират проргамата од понеделник, но додала дека ќе бидат потребни дополнителни консултаци со институциите.

„До крајот на јануари 2,1 милиони дози од вакцината ќе бидат примени и серизно ќе треба да ја засилиме кампањата на вакцинацијата“, рекла Голикова.

Руските власти не воведоа строго затворање за време на вториот бран од епидемијата кој започна во септември, бидејќи властите сметаат дека веќе одредените мерки за забрана за движење во периодите кога има најголема фреквенција, водејќи сметка за економските загуби.

Претходно во стедата Русија известо за 22.850 нови случаи на коронаинфекции во изминатите 24 часа. Во земјата од почетокот на пандемијата пријави вкупно 3,5 милиони зарази со што е во првата „петорка“ во светот, но според бројот на починатите од Covid-19 е далеку зад многи европски земји.

Во Русија вакцинирањето не е задолжително, а може да се вакцинираат лица на 18 години доколку немаат хронични заболувања од листата на контраиндикации, како и оние кои немале настинки и други здравствени појави карактеритични за периодот во последните 30 дена. Вакцинацијата, исто така, е контраиндицирана за бремени жени и доилки.

Вакцинацијата против коронавирусот во Русија започна на почетокот од декемврим, а прво се започна со иминузација на главните ризични групи: лекарите, наставниот кадар во образованието, социјалните работници. Потоа се премина на вакцинација на вработените во медицинските научни и образовни институции, во трговските и услужните дејности, во транспорот и енергетиката, во културните и медиумските куќи, волонтерите, студентите, вработените во ванкарскиот и финансискиот сектор, во градежништвото, во владините тела и буџетските институции.

Во моментов Русите може да се вакцинираат со вакцината „Спутник V“, создадена врз веќе познатата платформа на векро на аденовирус кај човекот, слична на препаратот на „AstraZeneca“. Наскоро е најавено е коритење и втората руска вакцина „ЕпиВакКорона“ која ја разви Новосибирскиот научен центар „Вектор“.