ВИДЕО: Путин е бесен, упати жестоки закани до Турција

putin

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска и’ се обрати на јавноста по повод тешкиот инцидент рано утринава во кој два воени авиони на турската армија соборија руски авион од типот „Сухои“.

Путин тврди дека леталото на руската армија било соборено со ракета воздух-воздух, истрелана од труски авион од типо Ф-16.

– Турците ни зарија нож во грбот. Овој нивни потег може да се протолкува како соработка со исламистите, рекол Путин во својата изјава.

Тој објаснил дека цел на соборениот авион биле исламисти во Латакија, област во Сирија каде се борат мнозинството доброволци, дојдени од Русија.

Путин дополнил и дека рускиот воен авион бил соборен на четири километри во длабина на сириска територија.

– Со ова Турците покажаа дека се соработници на терористите, рекол тој.

Рускиот претседател нагласил дека бил регистриран проток на нафта од сириска територија, под контрола на терористите, до Турција.

– Очигледно е. Не само дека добиваат приходи од шверц со нафта, туку имаат заштита од армија на една нација. Ова објаснува зошто една терористичка група е толку храбра во своите акти ширум светот, дополнил Путин.

Според него, инцидентот ќе има сериозни последици по руско-турските односи.

– Фактот дека Турција не се обиде да контактира со Русија, туку час поскоро повика состаноок со НАТО, е загрижувачка. Се чини дека Турција сака НАТО да им служи на интересите на „Исламска држава“. Русија ги почитува регионалните интереси на другите народи, но ова злосторство на Турција нема да мине без одговор, дополнил Путин.