Капетанот на Рома, Даниеле де Роси ја започна новата година со радосна вест – нема да мора да му биде извршена операција.
35-годишниот играч од средниот ред напорно работи во фитнес салата, со помош на медицинскиот персонал, за да се рехабилитира од повредата на менискусот.
Капитенот на Рома дури и го пропушти одморот со своето семејство на Малдивите за да се фокусира на неговата физичка состојба. Медиумите во Италија потврдуваат дека информациите за незадолжителноста од хируршка интервенција доаѓаат лично од хирурзите, кои биле подготвени да го оперираат Де Роси.
Играчот од средниот ред нема излезено на терените од 28 октомври 2018 година.