![полиција-лента41](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/policija-lenta41-7.jpg?resize=276%2C183&ssl=1)
Четириесет годишен жител на Радовиш е најден во средата околу пладне мртов, откако ден претходно неговата поранешна 63-годишна партнерка со којашто живеел во вонбрачна заедница е хоспитализирана на скопските клиники со тешко повреди, за кои пред полицијата дека и ги нанел сега покојниот.
Шеесет и тригодинашна жена, којашто полициајта ја идентификува со иницијалите И.Д. од Радовиш, во вторникот со тешки телесни повреди била донесена во Јавнатаё здравствена установа Радовиш , по што поради тежината на повредите била префрлена во комплексот универзитетски клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„По преземени мерки, било утврдено дека околу 20 часот, во Радовиш на улица „Калаузлиска“ во куќата на И.Д. дошол 40-годишниот Ш.Х., со кого претходно живеела во вонбрачна заедница, и по претходна вербална расправија, Ш.Х физички ја нападнал и со секира и нанел повреди, по што го напуштил местото на настанот“, информираат од полицијата.
Во текот на средат, околу 14 часот во Полициска станица Радовиш,лице од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека во атар на село Раклиш, на место викано „Мршин Дол“, во „Мантово“ било пронајдено телото на Ш.Х.(40) од Радовиш, а по извршен преглед кај истиот била констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на настанот, телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.