Ракометарките на унгарскиот шампион Ѓер ја освоија третата последователна титула европски шампионки откако во неделата во финалето на завршниот турнир во Будимпешта со 25:24 (15:11) ги победија противничките од рускиот претставник Ростов на Дон.
Ѓер беше во водство во текот на целиот натпревар, повеќето време со три до четири голови предност, но со неколку врзани грешки во самиот финиш неговите ракометарки им понудија можност за израмнување на противничките. Шансата ја имаше Абинг во последната секунда со погодок финалето да го однесе во продолжувања, но Гримсбо успеа да одбрани и да ја сочува победата на Ѓер.
Едуарда Аморим Талеска, која настапуваше за некогашниот европски шампион скоски Кометал, со седум и Анита Горбич со шест голови беа најефикасни кај Ѓер, додека Лоис Абинг со седум погодоци го предводеше Ростов.
За Ѓер ова вкупна петтата титула европски шампиони, а сите ги освоија во последните седум сезони: 2013, 2014, 2017, 2018 и 2019 година.
За Ростов ова е прв настап во финалето на завршниот турнир од Лигата на шампионките. Минатата година завршија како четврти на турнирот на четирите најдобри екипи. Третото место го зазема дански Кртистијанштд кој со 31:30 го совлада француски Мец.