Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена беа одредени групите за квалификациите за Светското првенство за ракометарки во 2015 година. Македонија за противнички во групата 3 ги доби селекциите на Исланд и Италија.
Според извлекувањето во групата 1 се: Словенија, Белорусија, Швајцарија и Грција.
Групата 2 ја сочинуваат: Турција, Австрија, Португалија и Израел, додека во групата 4 се: Чешка, Литванија и Азербејџан.
Во договор на федерациите можно е да се игра турнирски (во еден град – домаќин) или пак натпревари дома-гости.
Натпреварите ќе се играат од октомври 2013 година до декември 2014 година.
Пласман во плеј-оф фазата ќе избори само првопласираната селекција од секоја група