Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека верува во обединување на Албанија со Косово и дека за тоа би гласал и на референдум, но додаде дека не знае кога тоа ќе се случи, пренесува Бета.рс.
„Ако ме прашате хипотетички за мирен референдум за национално единство, јас би го прекршил законот за тајност на гласањето, отворено велам, би гласал за. Во случај да прашате дали тоа ќе се случи или не, бидејќи ме провоцирате , ќе се случи, кога не знам, но ќе се случи еден ден“, рече Рама на заедничката конференција во Елбасан, Албанија, со косовскиот премиер Албин Курти.
Рама нагласи дека на оние кои ја толкуваат неговата изјава како „барање“ за создавање на Голема Албанија треба да им се каже дека „на гатачите не им се суди“.