Бекот на Бруклин Нетс, Д’Анџело Расел ќе го замени повредениот Виктор Одалипо во натпреварот на моментално најголемите ѕвезди во НБА лигата, кој ќе се одигра на 17-ти февруари во Шарлот.
За 22-годишниот Расел, кој сезонава има просек од 19,6 кошеви, 6,4 асистенции и 3,8 скокови по натпревар, ова ќе биде прв настап на Ол-стар викендите.
Со настапот на Расел, Никс ќе го имаат својот прв претставник на смотрата на на најдобрите во најсилната кошаркарска лига на светот по пет години. Последен играч на њујорчаните кој имаше чест да игра на овој престижен меч беше Џо Џонсон во сезоната 2013/2014