Расмусен го осуди терористичкиот напад во Кабул

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен го осуди терористичкиот напад во Кабул и го изрази своето длабоко сочувство на семејствата на загинатите, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Решително го осудувам овој варварски напад во Кабул, што ги одзеде животите на многу Авганистанци и странски државјани, вклучувајќи и соработници од меѓународни организации, кои им помагаа на авганистанскиот народ да изгради подобра иднина“, се вели во изјавата на генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.

„Ваквите терористички акти и насилни дејствија не можат да имаат никакви оправдувања“, додал Расмусен.