Расположението во германското стопанство се влошило во август, трет месец со ред, лизнувајќи се на најниското ниво по малку повеќе од две години, покажа во четвртокот истражувањето на институтот Ifo.
Индексот на Ifo на деловната клима паднал во август за 0,2 поени во однос на јули, на 88,5 отсто што е најниското ниво од јуни 2020 година.
„Расположението во германскиот стопанство е лошо“, заклучува претседателот Ifo, Клеменс Фуест, истакнувајќи ги високото ниво на неизвесноста меѓу компаниите. Според него, се очекува дека германската економија ќе падне во третиот квартал.
Во второто тримесечје активноста незначително пораснала за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, извести статистичкото биро чиишто досегашните процени покажуваа стагнација. Во првиот квартал, најголемата европска економија пораснала за 0,8 отсто.
„И покрај тешките економски прилики во светот, германското стопанство не потклекна во првите два квартала од 2022 година“, изјави претседателот на статистичкото биро Георг Тиел.
Поддршката, во прв ред, му била од личната и државната потрошувачка, која пораснала за 0,8 односно 2,3 отсто во однос на почетокот од годината.
„И покрај силниот раст на цените и енергетската криза, потрошувачите го искористија укинувањето на речиси сите коронаограничувања во второто тримесечје и повторно повеќе патувале и излегувале“, истакнува во својот извештај статистичкото биро Destatis.
Пораснала и размена со странство, па така извозот благо е зголемен за 0,3 отсто, и покрај чувствително намалени испораки во Русија и нарушувањата во синџирите за набавка. Увозот, пак, пораснал за 1,6 отсто во однос на претходни три месеца.
На годишно ниво економијата во периодот меѓу од април до јуни пораснало 1,7 отсто, според сезонски и календарски прилагодените податоци. Во првиот квартал зголемено беше за 3,6 отсто.