Претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа продолжението на пленарната расправа за уставните измени в петок, а за утре закажа друга седница.
Од парламентарното мнозинство велат дека има многу важни закони што треба да бидат донесени, како што е законот за стечај, и кои треба да бидат разгледани на утрешната собраниска седница.
Исто така, пратеници од парламентарното мнозинство велат дека ќе се продолжи со прасправата по уставните измени без да прецизираат дали тогаш и ќе се гласа.
Во попладневниот дел од дебатата зборуваа само пратеници од парламентарното мнозинство, кои рекоа дека договорот го отвара патот за влез во ЕУ и НАТО, и дека со него Македонија го заштитува идентитетот и јазикот.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ одлучија да се откажат од своите дикусии по координацијата што ја имаа со претседателот на партијата Мицкоски.
Не е исклучено Собранието да дискутира за уставните измени и в сабота.