Разбојник, вооружен со нож нападнал постара брачна двојка до Прилеп.
Министерството за внатрешни работи информира дека прилепската полиција го привела 19-годишниот З.Р. кој вчера ги нападнал 77-годишниот Ќ.Д. и неговата сопруга. Околу 21.30 часот младиот разбојник тропнал на прозорското стакло, а откако Ќ.Д. ја отворил вратата, се втурнал во салонот и почнал да ги удира него и сопругата со тупаници во пределот на главата.
Потоа тој извадил нож кој го ставил под грло на сопругата и со истргнување и ги одзел златните обетки од ушите, прашувајќи ја каде се парите.
Ќ.Д. му кажал дека има пари во гаражата, при што сторителот му го одзел мобилниот телефон и отишол во гаражата од каде одзел 540 денари и побегнал.