Реал го совлада Атлетик

Во одложениот дуел од деветтото коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ минимално со 1:0 го совлада Атлетик Билбао.

Решавачкиот погодок го постигна Карим Бензема во 40 минута, откако Марко Асенсио шутираше а Унаи Симон одбрани, но топката стаса до Лука Мордиќ кој сакаше да шутира веднаш но лошо ја зафати топката и всушност ја поттурна до Французинот кој го постигна својот 35-ти гол во 46 натпревари годинава во сите натпреварување. Воедно тоа бепе и неговиот 14-ти гол во 24 меча против баскискиот тим, кому покрај Гранада ми дал најмногу голови во шпанската лига.

Реал Мадрид е на чело на табелата со 36 бодови, седум повеќе од Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид кој има и меч помалку. Атлетик остана на осмото место со 20 бодови.