Фудбалерите на актуелниот шпански шанмион мадридски Реал во средбата од третото коло на домашното првенство ја остварија својата прва победа сезонава совладувајќи го на гостувањето во Севилја домашниот Бетис со 3:2 (1:2).
Реал поведе во 14 минута со голот на Федерикот Валверде, но Бетис пред крајот на првото полувреме во кус интервал успеа да направи резултатски пресврт и на одмор да замине со предност. Во 35 минута Аиса Манди израмни, а водството го донесе по две минути Вилијам Карваљо.
Меѓутоа, во вториот дел гостите од Мадрид со голема доза на среќа успеја да направат пресврт. Прво дојдоа до израмнување на 2:2 со автоголот на Емерсон во 48 минута, а потоа победата ја донесе Серхио Рамос, од пеналот досуден по прегледување на снимката. Реал речиси половина час играше и со играч повеќе, откако несреќниот Емерсон беше исклучен во 67 минута.
Реал Мадрид сега има четири бодови од два натпревара, додека Бетис остана на шест бодови од три меча.
Претходно Алавес и Хетафе ремизираа без голови. Ова е прв бод за Алавес во трите кола, а Хетафе од два меча има четири бодови.
Ремизираа и Валенсија и Хуеска, но по еден погодок постигнаа за домашните Вас во 38 и за гостите Сиоавас во 63 минута. Валенсија има по една победа, реми и пораз во првите три кола и освои 4 бодови, додека Хуеска за која се предвидува дека ќе се бори за опстанок од има две ремија и пораз, односно два бода.
Реал Сосиедад беше убедлив со 3:0 на гостувањето кај Елче. Стрелци беа Порти во 55, Јанузај во 77 минута од пенал и Роберто Лопез во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот. Реал Сосиедад е моментално трет на табелата со 5 бодови, а Елче го одигра првиот меч во првенството.
Во недела на распоредот се мечевите: Осасуна – Леванте, Еибар – Атлетик Билбао, Атлетикот Мадрид – Гранада, Кадиз – Севилја, Вајадолид – Селта Виго и Барселона – Вилјареал.